Русија ѝ понуди на Кина да излезе на рускиот должнички пазар

Москва му понудила на Пекинг можност за излез на кинески емитенти на рускиот должнички пазар и на руски заемопримачи – на пазарот во Кина, соопшти заменик-министерот за финансии на РФ Алексеј Моисеев, пренесува РИА „Новости“.

Москва му понуди на Пекинг можност за излез на кинески емитенти на рускиот должнички пазар и, соодветно на тоа, на руски заемопримачи – на пазарот во Кина, соопшти заменик-министерот за финансии на РФ Алексеј Моисеев.

„Беа дискутирани прашања за излез на руски емитенти на пазарот на капитал на Кина и на кинески емитенти – на пазарите на капитал на Русија“, изјави заменик-министерот, коментирајќи по завршувањето на затворената руско-кинеска сесија во рамките на економскиот форум во Боао, пренесува РИА „Новости“.

Бил даден и предлог за премин кон заемно плаќање во националните валути меѓу земјите. Учесниците на средбата, според Моисеев, истакнале дека прометот рубља-јуан последнава година значително се зголемил, но остануваат многу нерешени прашања.

Заменикот-министер истакна дека за излегувањето на руските компании на должничкиот пазар на Кина сѐ уште постојат пречки. „Пазарот на панда-обврзниците е силно регулиран и меѓу руските емитенти нема претенденти. Но за нас тоа би можело да биде интересно имајќи го предвид затворањето на пазарот на странски капитал“; изјави тој.

Кинеската страна, според него, искажала подготвеност да ги разгледа тие прашања. „Но, непознато е со која брзина“, рече тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња