Политиколог: САД го губат разумот

Американскиот аналитичар Пол Крег Робертс смета дека „фанатичната антируска милитаризирана пропаганда нa Вашингтон“ претставува закана за целиот свет, пишува „Американски слободен печат“.

Американскиот економист и политички аналитичар Пол Крег Робертс смета дека „фанатичната антируска милитаризирана пропаганда нa Вашингтон“, која ги преплави насловните страници на водечките западни медиуми, претставува закана за целиот свет. Во САД „го губат разумот“ и тоа најпосле го сфатија Франција и Германија кои се трудат со сите сили сега да избегнат војна, пишува политикологот во весникот „Американски слободен печат“ (Тhe American Free Press).

Над мирните американски градови се надвила опасност, но не некоја опасност која доаѓа оддалеку, туку опасност од Белата куќа во која со сите сили се занимаваат со демонизација на Русија и нејзиното раководство.

„Фактот дека неверојатна лага може да доаѓа од највисоки функционери без никакви докази и грижа на совеста би требало смртно да нѐ исплаши. Сведоци сме на апсолутно непочитување на вистината и човечкиот живот од страна на највисоките членови на американската администрација и медиуми“, пишува Робертс.

Според мислењето на овој политиколог, американската пропаганда што ја шират светските медиуми е „најнеодговорната постапка во историјата на човештвото“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.