САД сакаат да ја втурнат Русија во конфликт во Приднестровје, пишува француски „Насион Прес“ (Nations Presse).
Списанието напоменува дека на средбата со претседателот на Романија Клаус Јоханис претседателот на Украина Петро Порошенко изјавил дека има намера да помогне „да се реинтегрира Приднестровскиот регион во Молдавија“.
Изданието пишува дека претходно се појавила информација дека колона со украинска воена техника и војска се упатила во правец на границата со Приднестровје.
„Таа информација, се разбира, треба да се провери, меѓутоа тоа може да ја натера Русија да се вмеша (аеродромите на Крим се наоѓаат на 350 километри оддалеченост), пишува изданието.
Според мислењето на магазинот, изјавите на Порошенко и Јоханис се поклопуваат со фактот што во Романија пристигна нова група војници на САД за одржување маневри. Изданието смета дека САД се подготвуваат за „одмрзнување“ на ситуацијата во Приднестровје со тоа што ќе ја претворат во регионален конфликт.
Со засилувањето на силите на НАТО во балтичките земји и Полска, пристигнувањето на американските оклопни и воздушни сили во земјите-членки на Алијансата кои порано беа дел од Варшавскиот пакт, сега станува јасно дека сме сведоци на воените подготовки на САД насочени кон претворање на ситуацијата во регионален конфликт“, заклучува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче