Шредер: Русија не е луда да ги нападне Полска и балтичките земји

Поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер во интервју за „Дер Шпигел“ жестоко ја критикуваше политиката на Ангела Меркел во однос на Русија.

Поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер жестоко ја критикуваше политиката на Ангела Меркел во однос на Русија. Како што изјави Шредер во интервју за „Дер Шпигел“, „Берлин требаше да води преговори за асоцијација со ЕУ не само со Украина, но и со Русија“. Обидите за меѓународна изолација на Русија, како и исклучувањето од „Г8“ се погрешна одлука. „Токму за време на криза се крајно неопходни преговори“, објасни Шредер.

Тој исто така истакна дека нему му е разбирлив стравот на Русија по повод нејзиното опкружување од соседните држави. „Со распадот на СССР Варшавскиот договор престана да постои, додека НАТО не само што продолжи да постои, туку и значително се прошири на исток“, истакна политичарот.

Според зборовите на Шредер, без оглед на тоа што присоединувањето на Крим кон Русија било „прекршување на меѓународното право, Владимир Путин сепак е подготвен да го признае остатокот од Украина како самостојна држава“. 

Стравот во однос на Русија од страна на Полска и балтичките земји, според мислењето на Шредер, напротив, се несфатливи. Според него, тој не познава „ниту еден човек, дури ни во Русија, кој би бил толку луд да се осмели да го стави под прашање територијалниот интегритет на Полска или балтичките земји“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња