Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу изјави дека медиумите станаа вид оружје кое може да се применува „и во позитивна, и во негативна смисла“, пренесува РИА „Новости“.
„Се случи и тој ден кога сите ние признавме дека зборот, камерата, фотографијата, интернетот и воопшто информацијата станаа уште еден вид оружје, уште еден вид вооружување. Ова оружје може да биде применето и на позитивен, и на негативен начин. Тоа е оружје кое во различни времиња на различен начин учествувало во настаните во нашата земја, како во поразите, така и во победите“, изјави министерот.
Според него, последниве години Министерството за одбрана се трудело да работи на начин кој би бил повод да се покажат и раскажат за армијата многу интересни и потребни за општеството нешта. Министерот потенцираше дека Министерството за одбрана направило многу за да го подобри имиџот на служењето во армија.
„Би сакал да напомнам дека дојде тоа време кога медиумите обединуваат во себе многу нешта. И тоа е, од една страна, вистинско оружје. Од друга страна – тоа е што тие можат навистина многу да повредат. Денеска медиумите можат, по нечија желба, во лоши раце да станат истовремено и истрага, и обвинител, и судија, и џелат. Јас не би сакал ние постепено да се претвориме во оние кои го применуваат ова оружје во најнегативна смисла“, заклучи министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче