Службата за безбедност на Украина му забрани на режисерот Михалков да го посети Луганск

Службата за безбедност на Украина го предупреди Никита Михалков да не доаѓа во посета на Луганск за промоција на неговиот филм „Сончаница“, соопшти СБУ.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) го предупредува актерот, режисер, сценарист и продуцент Никита Михалков да не доаѓа во посета на Луганск каде што планира да го прикаже својот филм „Сончаница“, соопшти портпаролот на СБУ Маркијан Лубивски.

Тој изјави дека преминувањето на границата е можно само преку премините кои сега се контролирани од властите на Украина, пишува украинското издание на „Апостроф“.

„Ако Никита Михалков го посети Луганск, ќе бидат преземени соодветни мерки“, додаде Лубивски.

Како што претходно соопшти претставникот на Службата за безбедност на Украина Василиј Вовк, СБУ распишува потерница по сите актери и музичари кои доаѓаат на територијата на Донбас која не е под контрола на Киев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња