Ремонтната база што ја користи руската морнарица во градот Тартус во Сирија, може да биде претворена во воена само по донесувањето на соодветна политичка одлука, изјави за „Интерфакс“ извор во руската воено-поморска флота.
„Ако политичкото раководство на земјата донесе таква одлука, ремонтната база за руската морнарица во сирискиот град Тартус ќе биде сериозно надградена за да одговара на новата политичка и воена ситуација во Медитеранот“, изјави тој.
Сите чекори за подобрување на инфраструктурата ќе бидат направени во координација со властите во Сирија, додаде тој.
„Сепак, можноста за претворање овој објект во воена база досега не е разгледувана“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче