Русија испрати протест до УЕФА поради тоа што натпреварот за квалификациите на Европското првенство 2016 во Црна Гора не беше прекинат кога голманот на руската репрезентација беше погоден во главата со факел.
„Ние имаме право да упатиме протест до 19:00 часот во врска со овој натпревар, и тоа го сторивме. Причината е тоа што натпреварот не беше прекинат. Се надевам дека УЕФА ќе донесе исправна одлука“, изјави министерот за спорт на РФ во програмата на каналот „Русија 2“.
Претходно на официјалната веб-локација на УЕФА беше објавено соопштение во кое се наведува дека сојузот ќе поведе дисциплинска истрага за натпреварот за квалификации на Европското првенство меѓу репрезентативците на Црна Гора и Русија откако ќе добие извештаи од делегатот и судијата.
Вчера, на 27 март, на натпреварот во Подгорица во првата минута еден од навивачите го погоди со факел во главата голманот на руската репрезентација Игор Акинфеев. Акинфеев беше префрлен во болница, а натпреварот беше привремено запрен. Потоа играта беше продолжена, за дефинитивно да биде прекината во второто полувреме по судирот меѓу играчите и повторното користење на пиротехнички средства од страна на навивачите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче