Русија цврсто ќе се залага за заштита на христијаните и следбениците на други религии кои се прогонувани од страна на терористите на Блискиот Исток, изјави постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин на седницата на Советот за безбедност на ООН.
Тој истакна дека Русија „одлучно и континуирано го осудува секој чин на насилство против цивилното население, вклучително и на етничка и религиска почва“.
„Ние ќе ја продолжиме принципиелната линија во интерес на постигнување меѓуверски и меѓуетнички мир и хармонија во Сирија, Ирак и другите земји на Блискиот Исток. И понатаму цврсто ќе се залагаме за заштита како на христијаните, така и на следбениците на другите религии кои се прогонувани од страна на терористите“, рече дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче