Првите луѓе на руската (Роскосмос) и американската (НАСА) вселенска агенција се договорија да ја продолжат работата на меѓународната вселенска станица до 2024 година, изјави за „Интерфакс“ Игор Комаров, раководител на „Роскосмос“.
„Беше постигнат договор за продолжување на работата на МВС до 2024 година. Роскомсос и НАСА ќе работат заедно на идна програма за орбиталната станица“, рече Комаров на заедничката прес-конференција со директорот на НАСА Чарлс Болден во вселенскиот центар Бајконур.
„Со НАСА се договоривме да развиеме заеднички систем за имплементација на програмите со екипаж. Многу е важно за во иднина тоа што компаниите на нашите земји ќе работат според унифицирани стандарди“, изјави Комаров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче