Норвешка, САД, Германија и Естонија ќе се придружат на акцијата „Бесмртниот полк“

Оваа година серуската акција за сеќавање “Бесмртниот полк“ првпат ќе се одржи во Норвешка, САД, Германија и Естонија, пренесува РИА „Новости“.

Нови земји ќе се придружат оваа година на серуската акција за сеќавање “Бесмртниот полк“: акцијата првпат ќе се одржи во Норвешка, САД, Германија и Естонија,  се вели во соопштението на веб-локацијата на акцијата, пренесува РИА „Новости“.  

Меѓународната акција „Бесмртниот полк“ првпат се одржа во Томск на 9 мај 2012 година. ВО 2013 година во неа учествуваа околу 200 илјади луѓе во Русија, Казахстан и Украина. Минатата година се придружија Израел, Киргизија и Белорусија. Учесниците во акцијата на Денот на Победата маршираат со портрети на своите дедовци и прадедовци–учесници во војната.

„Оваа година на акцијата првпат ѝ се придружија жителите на Естонија, Норвешка, САД и Берлин. Секаде како координатори се јавуваат наши сонародници кои зборуваат за важноста на одржувањето на таквите манифестации како одговор на тоа што во некои земји има обиди за препишување на историјата и искривоколчување на фактите за војната“, раскажа за РИА „Новости“ еден од координаторите на акцијата во Томск Сергеј Колотовкин.

Според податоците на координаторите, акција оваа година ќе се одржи во повеќе од 600 населени места. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.