Центарот за роботехника на Министерството за одбрана на Русија ќе демонстрира цела низа свои дизајни на меѓународниот воено-технички натпревар „Армија-2015“ кој ќе се одржи летово во Подмосковје, пишува „Њузвик“.
На манифестацијата Русија ќе претстави над 5000 примероци воена техника, вклучувајќи и експериментални модели. Како што истакнува изданието, засега е неизвесно што точно ќе биде презентирано на форумот, сепак ќе бидат покажани најрепрезентативните примероци.
На пример, на форумот може да биде претставен мултифункционалниот борбен робот „Платформа-М“ кој веќе се користи в руската војска. Роботот може да биде опремен со фрлач на гранати и митралез. Исто така, може да биде демонстриран и антропоморфен робот-аватар. Претседателот на Русија Владимир Путин веќе успеа да го оцени овој дизајн на руската одбранбена индустрија. Постои и роботот-деминер „Уран6“, наменет за деминирање на терен. На истата платформа се разработува и поголемиот „Уран-14“, кој е способен да гасне пожари и расчистува наноси, соопштува изданието. Русија може да се пофали и со беспилотното летало „Орлан-10“, наменето за набљудување и прибирање информации.
Покрај горенаведеното, корпорацијата „Ростех“ се занимава и со разработка на опрема која ќе им овозможи на војниците да добиваат ажурирана тактичка информација во реално време. Податоците ќе се пренесуваат од разузнавачките апарати преку кодирани канали за врска, а уредите за прием и излез ќе бидат дел од стандардната опрема на војникот. Сево ова спаѓа под заедничкиот назив „Војник на иднината“, пишува „Њузвик“.
Изданието исто така истакнува дека до 2020 година Русија планира да го обнови вооружувањето на армијата, со зголемување на уделот на современото оружје од 10% на 70%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче