Медиуми: Западот ќе ги симне санкциите доколку Русија помогне на Блискиот Исток

Учеството на Русија во кампањата на Западот против „Исламската држава“ може да го зацврсти статусот на земјата како глобален лидер, пишува весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Русија треба да застане на чело на меѓународната коалиција во борбата против „Исламската држава“ под покровителство на ООН и тогаш западните санкции против Москва ќе бидат укинати, пишува кинескиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“ (South China Morning Post).

Силна глобална коалиција, предводена од руските вооружени сили и поддржувана од современата американска технологија ќе има најголеми шанси за успех во оваа операција.

„Последниот пат кога се случи такво обединување против заеднички непријател е во Втората светска војна, работата заврши со победа. (…) За возврат, САД и ЕУ треба да ги укинат санкциите против Русија“, се истакнува во статијата.  

Укинувањето на санкциите ќе им помогне на руските банки и корпорации да добијат флексибилен пристап до пазарите на должнички капитал, одново ќе отвори можности за увоз на високотехнолошка опрема, и ќе има позитивен ефект и врз стабилноста на руската валута, ќе го ограничи одливот на капитал и ќе овозможи стимулација на економскиот раст, истакнува весникот.

Реализацијата на тоа, би се рекло, неочекувано сценарио ќе го крене меѓународниот рејтинг на претседателот на Русија Владимир Путин и ќе ѝ го врати на Москва статусот на член на „Големите осум“, продолжува кинеското издание.

„Таквата одлука за рускиот претседател ќе биде елегантен начин за пишување на новата историја на светот и ќе го зацврсти неговиот статус на глобален лидер“, заклучува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња