Честите посети на руски високи функционери на Латинска Америка кои кулминираа со посетата на Сергеј Лавров на четири земји во регионот, како и изјавите за претстојните испораки на воени авиони за Никарагва и Аргентина, предизвикуваат тревога кај САД и нивните сојузници, пишува „Фокс Њуз Латино“ (Fox News Latino).
„Иако мнозинството аналитичари се согласни дека активностите на Русија во Латинска Америка нема да предизвикаат толкава геополитичка вознемиреност како во екот на студената војна, постои страв дека нејзиното влијание може да ѝ создаде проблеми на американската политика во регионот“, смета изданието.
Директно сега Русија нема можности реално да присуствува во Латинска Америка, изјави во интервју за „Фокс Њуз Латино“ Џејсон Марчак, заменик-директор на еден од аналитичките центри на Атлантскиот совет. Меѓутоа, тоа може да предизвика тревога во Вашингтон по прашањето на своето присуство во регионот, додаде тој.
Патувањето на Сергеј Лавров на Куба, во Колумбија, Гватемала и Никарагва беше примена и како стремеж да се обезбеди поддршка од државите кои традиционално се спротивставуваат на влијанието на Вашингтон, и како „напад“ врз традиционалната сфера на влијание на САД, истакнува изданието.
Според мислењето на Марчак, најголемата закана од страна на Русија за американската политика може да се состои во создавањето на „воен дисбаланс“ во регионот со помош на испорака на оружје и авиони во определени земји.
Многу пријателски настроени држави спрема САД веќе се вознемирени дека ќе останат „невооружени“ пред своите соседи, истакнува изданието. На пример, министерот за надворешни работи на Костарика Мануел Гонзалес го коментираше претстојното потпишување на договор меѓу Русија и Никарагва за испорака на авиони-ловци: „Борбата со илегалната трговија со дрога не се води со помош на таков вид тешка воена техника“. А соопштението дека Русија планира да ѝ испорача 12 бомбардери со далечен домет на аргентинската влада предизвика загриженост не само во Латинска Америка, но и во Велика Британија, истакнува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче