Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека против Русија се планираат акции за време на претстојните избори во 2016 и 2018 година. На Колегиумот на ФСБ шефот на државата побара да не се дозволат такви обиди за дестабилизација.
„Не престануваат обидите на западните тајни служби да ги искористат за свои цели општествените невладини организации и политизираните здруженија пред сѐ за дискредитација на власта и дестабилизација на внатрешната ситуација во Русија“, го цитира Владимир Путин ТАСС. Според неговите информации, „веќе се планираат акции за време на претстојните изборни кампањи во 2016 и 2018 година“.
„Многупати имам кажано и подготвен сум да повторам уште еднаш: ние сме спремни за дијалог со опозицијата, ќе ги продолжиме партнерските односи со граѓанското општество во најширока смисла на тој збор, секогаш го слушаме оној кој содржајно ги критикува овие или оние активности или неактивности на власта, при што на секое ниво, и таков дијалог, такво партнерство се секогаш полезни, едноставно неопходни за секоја земја, вклучително и нашата“, потенцираше претседателот Путин. Истовремено тој изјави: „Бесмислено е да се влегува во дискусија со тие што работат по нарачка однадвор, во интерес не на својата, ами на туѓа или туѓи земји“.
„Затоа и понатаму ќе обрнуваме внимание на присуството на странски извори на финансирање на невладините организации, да ги споредуваме нивните статутарни цели со практичната работа, а секој прекршок треба да се спречи“, изјави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче