Намерата на американската компанија „Вестингхаус“ (Westinghouse) да ја прошири примената на своето нуклеарно гориво во украинските нуклеарни централи не може, а да не предизвика загриженост, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
„Намерата нагло да се прошири примената на американското гориво, чија сигурност не е потврдена, во постојните енергетски блокови не може, а да не предизвика загриженост. Ниту еден енергетски блок во Украина сѐ уште не работел со полн капацитет со американско полнење и ниту еден стручњак кој се цени себеси нема да се осуди да дава прогнози за тоа како ќе се однесува тоа“, се наведува во соопштението на веб-локацијата на МНР РФ.
„Меѓутоа, прашањата за безбедна експлоатација на нуклеарните централи очигледно, н се приоритет за „Вестингхаус“. Тоа ја потврдува изјавата за подготвеноста на компанијата во енергетските блокови на Украина да реализира извесни мерки за да го зголеми нивниот капацитет за 10%. Обрнуваме внимание на фактот дека реализацијата на вакви планови без консултирање на главниот конструкторски на реакторите - руското конструкторско биро „Гидропрес“ е еднаква на вршење опасен експеримент“, истакнаа во Министерството.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче