Путин ќе ни дојде некогаш, смета летонскиот претседател

Претседателот на Летонија Андрис Берзинш не ја отфрла можноста рускиот претседател Владимир Путин некогаш да ја посети републиката, пренесува „Взгљад“.

Претседателот на Летонија Андрис Берзинш не ја отфрла можноста рускиот претседател Владимир Путин некогаш да ја посети републиката, иако поканата од поранешниот шеф на државата Валдис Затлерс повеќе не е актуелна.

На прашањето кога може да се случи посета на Путин, Берзинш одговори дека поканата која била упатена за време на претседателствувањето на Затлерс поради ситуацијата во Украина повеќе не е актуелна.

Претходно во интервју за агенцијата „ЛЕТА“ претседателот изјави дека не гледа пречки во текот на неговиот мандат да не се случи на Путин на Летонија. „Не гледам никакви причини тоа да не се случи. Соработката е потребна и за големите, и за малите играчи. Меѓу нас се воспоставија човечки контакти и не гледам основа песимистично да се размислува во таа насока. Сѐ се одвива чекор по чекор“, изјави Берзинш.

Берзинш исто така додаде дека ја смета неприфатлива за себе позицијата на претседателката на Литванија Даља Грибаускајте која многупати има изјавено дека на Русија може да се гледа како на земја-агресор.  

Берзинш истакна дека секогаш се придржува до принципот: „Не барате непријатели, барајте решение“.

Летонскиот претседател исто така изјави дека Москва не претставува воена закана за земјите на Северноатлантската алијанса.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња