Постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко изјави дека Североатлантската алијанса ја надминува Русија во сите категории на вооружување. Овој став тој го искажа во програмата на германскиот телевизиски канал „Дас Ерсте“ (Das Erste) во средата, 25 март, пренесува ТАСС.
„Истовремено САД го задржуваат своето нуклеарно оружје на територијата на Европа, што е големо прашање, затоа што одамна веќе не постои ни Варшавскиот пакт, ни неговата воена надмоќ“, истакна Грушко. Според него, прашањата за воениот баланс, како и стратешката стабилност треба да се решаваат „врз основа на принципот на неделивост на безбедноста, и без обид да се осигура безбедноста за сметка на други“.
Истовремено тој истакна дека за разлика од НАТО, Русија не го зголемила бројот на своите маневри во Европа. „Денес проблемот е зголемената воена активност на НАТО. За еден ден ќе се одржат нови маневри во согласност со Планот на дејства за зголемување на готовноста на Алијансата. Бројот на воените вежби на НАТО надмина 200“, појасни Грушко. Според него, вкупниот број на тактичките летови на НАТО над Балтичкото и Баренцовото море, како и над области кои ѝ припаѓаат на Русија во 2014 година надминува 3 илјади, што е двојно повеќе отколку во 2013 година.
Претходно во средата беше објавено дека САД почнале со воени вежби на територијата на Романија и Бугарија. Операцијата е наречена „Атлантска решеност“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче