Медиуми: Унгарија ја скрати важноста на договорот со Русија за Атомската централа „Пакш“ под притисок на ЕУ

Будимпешта ја скрати важноста на договорот потпишан со Москва за испорака на гориво за атомската централа „Пакш“ од 20 на 10 години под притисок на европската агенција „Евроатом“, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Будимпешта ја скрати важноста на договорот потпишан со Москва за испорака на гориво за атомската централа „Пакш“ од 20 на 10 години под притисок на европската агенција „Евроатом“ која инсистира на намалување на зависноста од Русија.

Според неименувани извори, Унгарија се согласила на таквите услови за да го заживее договорот за „Пакш“.

Сега Русија ќе испорачува гориво за оваа нуклеарка во текот на следните 10 години, по што важноста на договорот ќе заврши и меѓу можните испорачувачи на гориво ќе се создаде конкуренција. На пример, ова ќе овозможи учество на тендерите на јапонско-американската компанија „Вестингхаус“, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Шефот на кабинетот на владата на Унгарија Јанош Лазар во средата по преговорите со комесарот на ЕУ за климатски и енергетски прашања Мигел Алиас Канете изјави дека прашањето за испорака на гориво за унгарската атомска централа „Пакш“ е решено.

„Унгарија ги прими до знаење забелешките на Европската комисија. Успеавме да најдеме решение“, изјави Лазар, истакнувајќи дека овие промени исто така биле прифатливи за Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња