Јацењук повика „да се запре руската агресија“ по политички пат

Военото решение не е најдобриот начин за решавање на конфликтот на истокот на Украина, потребни се дипломатски мерки, изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук, пренесува РИА „Новости“.

Военото решение не е најдобриот начин за решавање на конфликтот на истокот на Украина, потребни се дипломатски мерки, изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук.

„Воената опција не е нашиот најдобар рецепт и наша визија за запирање на руската агресија. Ние ги преземаме сите политички, дипломатски и економски средства за да ја запреме Русија“, изјави Јацењук на киевскиот форум за безбедност. Истовремено тој истакна дека без оружје и силна армија е тешко да се постигне успех, пренесува РИА „Новости“.

Претходно Јацењук изјави дека Украина е „во состојба на војна со нуклеарна сила каква што е Руската Федерација“. Токму со тоа, според мислењето на Јацењук, Украина докажала дека е „достоинствена европска држава“.

Како што претходно забележа весникот „Взгљад“, парламентот на Украина ја смета Русија за „земја-агресор“, обвинувајќи ја за поддршка на „терористите“, сепак претседателот на земјата Петро Порошенко одбива да ѝ објави војна на Русија и, згора на тоа, дури и не ги прекинува со неа трговските односи. Киев продолжува да купува од „агресорот“ јаглен, гас и електрична енергија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.