„Асоцијација на европски бизниси“: Важно е да не се дозволат нови санкции против Русија

Како резултат на санкциите во ЕУ се изгубени еден милион работни места, изјави претседателот на управата на Асоцијацијата на европски бизниси Филип Пегорје на Шестиот форум „Северна димензија“ во Санкт Петербург .

Како резултат на санкциите во ЕУ се изгубени еден милион работни места, изјави претседателот на управата на Асоцијацијата на европски бизниси  Филип Пегорје на Шестиот форум „Северна димензија“ во Санкт Петербург .

Претседателот на управата на Асоцијацијата на европски бизниси Филип Пегорје смета дека е важно да не се донесат нови санкции против Русија, пресува РИА „Новости“.

„Ние сметаме дека како резултат на санкциите во ЕУ се губат еден милион работни места и настануваат лоши последици и за Русија. Затоа ние треба да развиваме долгорочна добрососедска политика со Русија и многу е важно да успееме да не бидат воведени нови санкции против Русија и до јуни да бидат донесени позитивни одлуки“, соопшти Пегорје, настапувајќи на Шестиот форум „Северна димензија“.

Тој исто така смета дека форумот „Северна димензија“ претставува една од платформите за „тесна соработка врз основа на еднаквост и рамноправност“.

„Нашата соработка (во рамките на „Северна димензија“) претставува еден од примерите за прекугранична соработка која придонесува за интеракциja“, истакна тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња