„Роскосмос“ од 2018 година ќе ги обнови туристичките летови во вселената

„Роскосмос“ планира од 2018 година да ги обнови туристичките летови до Меѓународната вселенска станица за да го компензира падот на побарувачката за бродовите „Сојуз“, соопшти „РКК „Енергија“, пренесува РИА „Новости“.

„Роскосмос“ планира од 2018 година да ги обнови туристичките летови до Меѓународната вселенска станица за да го компензира падот на побарувачката за бродовите „Сојуз“, соопшти „РКК „Енергија“,  организација-дел од „Роскосмос“ во сферата на космонаутиката со човечки екипаж, пренесува РИА „Новости“.  

„Компензирањето на падот на побарувачката за транспортните бродови со човечки екипаж од типот „Сојуз“ по 2018 година се предвидува да биде за сметка на обновувањето на кратковременските експедиции до рускиот сегмент на МВС на комерцијална основа“, се вели во кварталниот извештај на ОАО „РКК „Енергия".

Во извештајот се истакнува дека во врска со плановите на американските комерцијални компании за изградба на бродови со екипаж, се прогнозира дека монополот на Русија на пазарот на вселенските летови со човечки екипаж ќе биде кратковечен. Покрај тоа, се вели во документот, на светскиот пазар расте ризикот од намалување на побарувачката за руски бродови со екипаж без подобрување на нивните технички и ценовни перформанси во врска со систематското подобрување на кинескиот брод „Шен Чу“ и изградбата на кинеската национална орбитална станица „Тиангонг“. 

Во денешно време слободните места за трет член на екипажот на бродовите „Сојуз“ го откупува „НАСА“.  Како што пишува весникот „Известија“, можно е есенва „Роскосмос“ да потпише со НАСА договор за превоз на екипажи до МВС за 2018 година. Овој договор може да стане последната спогодба од таков вид, затоа што до 2018 година изведувачите на „НАСА“ ветуваат дека ќе ги довршат и завршат тестирањата на новите вселенски бродови за човечки екипаж,  пред сѐ на „Драгон“ од „СпејсЕкс на Илон Маск“ и  „ЦСТ-100“ од Боинг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.