„Сведоци сме на враќањето на насилната политика“, изјави Стуб на средбата на здружението на експерти за надворешна политика „Здружение Паасикиви“, а пренесува „Взгљад“.
Стуб исто така соопшти дека потезите на Руската Федерација „кај нејзините соседи предизвикуваат чувство на незаштитеност“. Притоа финскиот премиер изјави дека, според него, влегувањето на Финска во НАТО би бил „логичен чекор на патот на западната интеграција“.
Истовремено тој признава дека мнозинството граѓани на Финска не ја поддржува идејата за зачленување во НАТО, поради што ова прашање сѐ уште не се наоѓа на агендата.
Претходно тој ја обвини Русија дека сака да воспостави меѓународни закони.
Според мислењето на финскиот премиер, на местото на студената војна сега дојде епохата на конфронтација.
Претходно министерот за финансии на Финска Анти Рине изјави дека во сегашната политичка ситуација неговата земја не треба да поднесува пријава за влез во НАТО заради можните ризици во надворешната политика и безбедносната политика што ги води Хелсинки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче