Оставката на Игор Коломојски на должноста губернатор на Днепропетровската област на Украина и неговиот бурен конфликт со претседателот на земјата Петро Порошенко кој ѝ претходеше, сведочат за длабоката криза на украинската власт и за неуспехот на политиката што ја наметнува Западот, изјави претседателот на Комитетот на Државната дума по прашања на Заедницата на независни држави, европска интеграција и соработка со сонародниците Леонид Слуцки во интервју за агенцијата ТАСС.
„Под знамето на евроинтеграциите Украина незапирливо се враќа во времињата на анархија и владеење на олигарсите. Тука нема ни трага од демократија“, заклучи Слуцки. Тој потсети дека „сѐ се случува во контекст на длабоката економска криза во земјата, забрзаната девалвација на гривната и неспособноста на државата да ги исполнува своите социјални обврски“.
Според неговото мислење, Украина во оваа ситуација ја очекуваат нови потреси и народни протести, но веќе не во име на заштита на демократските вредности, туку во интерес на олигарсите. „Сосема е можно дека наскоро ќе бидеме сведоци на нов, но овој пат „олигархиски“ Мајдан. И, судејќи според развојот на настаните во Украина, Порошенко ќе мора да бара помош од Запад не за да го совлада отпорот на доброволците во Донбас туку, многу веројатно, за да се одбрани од приватната војска на својот некогашен соборец на Евромајдан Коломојски“, изјави шефот на Комитетот на Државната дума.
Соопштението од кабинетот на претседателот на Украина Петро Порошенко за прифаќањето на оставката на Коломојски е објавено на веб-локацијата на шефот на украинската држава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче