Новиот руски тенк Т-14 „Армата“ кој ќе биде претставен на широката публика на Парадата на Победата на 9 мај, ќе стане достоен противник на современите западни оклопни возила, пишува порталот „Чајна Топикс“ (China Topix), а пренесува РИА „Новости“.
„Т-14 „Армата" може да стане за руската армија тенк кој ќе бидена рамна нога со американскиот „M1A2 Абрамс“ и германскиот „Леопард-2“, пишува изданието.
„Армата“ е руска универзална тешка платформа на гасеници од најнова генерација, врз која може да се произведуваат не само тенкови, но и тешки оклопни возила за пешадија, инженерија, тешки транспортни возила, возила за поддршка на тенкови. Исто така оваа платформа ќе се користи за самоодна артилерија, системи за ПВО и одбрана од оружјата за масовно уништување, истакнува „Чајна Топикс“.
Се очекува до 2020 година да бидат произведени 2300 тенкови „Армата" – тој број на оклопни возила е доволен за да се обноват 70 проценти од тенковите во руската армија, се вели во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.