Министерството за вонредни состојби на РФ понуди помош на Франција во операцијата за потрага и спасување организирана по падот на авионот „Ербас“ A320, соопшти министерството денеска, а пренесува „Интерфакс“.
Писмото беше официјално адресирано до францускиот министер за внатрешни работи.
„Согласно Спогодбата од 1999 година за соработка во сферата на цивилната заштита и спречување на итни случаи, Министерство за вонредни состојби на Русија е подготвено да испрати специјална опрема на местото на несреќата“, се вели во соопштението на министерството.
Руската служба за спасување има огромно искуство во операции за потрага и спасување во планински услови и има на располагање специјала опрема за тоа.
Летот на авионот A320 во сопственост на компанијата „Џерманвингс“ леташе на линија од Шпанија за Германија и се урна во планините во Франција.
Во авионот имало 150 луѓе, од кои 144 патници и 6 членови на екипажот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче