Отворен конкурсот за „Најдобар наставник по руски јазик во странство“

Отворен е Третиот меѓународен конкурс за „Најдобар наставник по руски јазик во странство“.

На официјалната веб-локација на Третиот меѓународен конкурс за „Најдобар наставник по руски јазик во странство“ започна регистрацијата на учесниците. Пријавите се примаат до 15 мај.  

На конкурсот можат да учествуваат наставници по руски јазик кои работат во основни училишта, средни училишта, установи за дополнително образование, на факултети и на курсеви по руски јазик, независно дали рускиот јазик им е мајчин или не. За сите учесници задолжителен услов е да имаат завршено факултет со хуманистичка насока.  

Конкурс се одвива во две етапи. Првата етапа ќе трае до 30 јуни 2015. Победници од оваа етапа ќе бидат поканети на финалното натпреварување кое ќе се одржи од 20 до 24 октомври во Москва.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња