На 25 март 2015 година, Македонско-руската стопанска комора ќе го одбележи својот 10-годишен јубилеј на активно и успешно делување како мост за економско поврзување меѓу Република Македонија и Руската Федерација.
Во соопштението испратено до медиумите се вели: „Македонско-руската стопанска комора е израз на вистинска врска помеѓу две пријателски земји, кои врз основа на традиционални, политички, културни и економски интереси токму со помош на оваа врска создаваат оптимални услови за инвестирање во развојот на бизнис заедниците на двете земји.
Македонско-руската стопанска комора е член на мешовитата Македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Нејзин најголем успех е потпишаниот договор за партнерство со Стопанската комора на Руската Федерација, како и со шест регионални руски стопански комори.
Меѓу редовните активности на комората е организација на саемски презентации и средби на претставници на компаниите по посебни индистриски гранки. Во моментов комората брои 200 компании членки од 17 различни стопански дејности.
10 Годишниот јубилеј на Комората ќе се одбележи со пригоден дневен настан кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас, во среда, 25 март 2015, со присуство на бројни гости, претставници на компании-членки на Комората, членови на Владата на Република Македонија, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак, претставници на Стопанската комора на Руската Федерација и дипломатскиот кор во Република Македонија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче