Косачов: Ликот на Русија во светот е вештачки искривен

Ликот на Русија во светот е вештачки искривен и опонирањето на тоа треба да влезе во задачите на пропагандата, смета првиот човек на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Константин Косачов, пренесува ТАСС.

Според него, во денешно време „ликот на Русија (во светот) е свесно и вештачки потценет“. „Тој не треба вештачки да се подобрува, но (треба) да се подигне на ниво на објективна перцепција“, изјави пратеникот во програмата „Познер“ на Прв канал. Тој смета дека во тоа се состои „задачата на пропагандата“.

Истовремено пратеникот констатира дека руските „пропагандистички напори засега се несразмерни со кампањата која се води против РФ“.

Косачов не исклучува дека за тоа дел од одговорноста сноси и Русија. „Но ние не го заслуживме тој лик кој во моментов ѝ е залепен на Русија“, убеден е тој. „Јас не сакам да нѐ стават на столбот на срамот и да се обидуваат да ни наметнуваат некакви совети“, додаде претседателот на Комитетот  на Државната дума за меѓународни работи

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња