Бројот на државни службеници во управата на Москва ќе биде помал за 30%. Уредбата за намалување на максималниот број на државни службеници и вработени во извршната власт на Москва и во Кабинетот на градоначалникот и управата на рускиот главен град беше потпишана од страна на градоначалникот Сергеј Собјанин.
Одлуката стапува на сила на 1 јуни 2015 година, пишува „Интерфакс". Намалувањето се врши за да се оптимизира максималниот број на вработении фондот за плата на државните службеници на Москва.
Спроведувањето на уредбата ќе го контролира заменик-градоначалникот Анастасија Ракова и министерот за градската управа, шефот на одделот за финансии на Москва Елена Зјаббарова.
Собјанин смета дека треба да бидат отпуштени околу 3000 државни службеници, а притоа да не се изгуби на квалитет на работата на органите на градската власт на Москва.
Градоначалникот исто така потпиша и указ за намалување на својата плата, како и на платите на членовите на градската власт за 10%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче