Украина од 1 април ќе престане да купува природен гас од РФ, соопшти денеска министерот за енергија и индустрија за јаглен на земјата Владимир Демчишин на прес-конференција во Киев.
Според него, тоа е поврзано со поевтината цена на гасот што го увезува Украина од Европа од оноj што го купува од Русија. Како што беше изјавено, Украина во јануари 2015 година увезла природен гас од Европа по просечна цена од $322,5 за 1000 метри кубни ($341,2 – во декември 2014 година), од Русија - по $335,7 за 1000 метри кубни ($384,9 – во декември 2014 година).
„Ние сега ќе престанеме да го купуваме (од Русија)... Нема толку итна потреба", - појасни министерот.
Од 1 април престанува да важи „зимскиот пакет“ на договор за испорака на гас меѓу „Нафтогас на Украина“ и „Гаспром“. Истовремено режимот take-or-pay („земи или плати") не важеше, испораката на гас се вршеше со авансно плаќање.
Последната средба на претставниците на Русија, Украина и ЕУ по повод прашањето со гасот се одржа минатиот петок во Брисел, следната е закажана за 13-14 април во Берлин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче