Пушков: Постојат многу повеќе причини Крим да биде во состав на Русија, отколку Фокландските острови во состав на Велика Британија

Претседателот на Комитетот на Државната дума на РФ за меѓународни прашања Алексеј Пушков ги коментираше последните изјави за враќање на Крим на Украина на својот Твитер-профил.

„До Лондон како за информација: има неизмерно многу повеќе причини Крим да се наоѓа во состав на Русија, отколку Фокландските острови во состав на Велика Британија“, напиша претседателот на Комитетот на Државната дума на РФ за меѓународни прашања Алексеј Пушков на својот Твитер-профил.

Претходно во неделата министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд ја повика Москва „да го врати Крим на Украина“.  

Одговарајќи на овој повик, заменик-раководителот на фракцијата на владејачката партија „Единствена Русија“ во Државната дума на РФ, Франц Клинцевич, изјави дека секој повик Крим да ѝ се врати на Украина, вклучително и последниот од Велика Британија, ќе биде третиран како напад на територијалниот интегритет на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња