Премиерот на Финска ја обвини Русија дека сака да наметнува меѓународни закони

Премиерот на Финска Александар Стуб ја коментираше изјавата на рускиот амбасадор во Данска Михаил Ванин за последиците од приклучувањето на Данска на антиракетниот систем на САД.

Премиерот на Финска Александар Стуб ја коментираше изјавата на рускиот амбасадор во Данска Михаил Ванин за последиците од приклучувањето на Данска на антиракетниот систем на САД.

„Русија повеќе не сака да ги следи меѓународните закони, Русија сака да ги воспоставува“, тврди Стуб.

Претставникот на НАТО во Брисел Јоана Лунгеску пак, изјави дека НАТО има намера да ги заштити сите членки на Алијансата од секаков вид закани.  Данска соопшти за својата одлука да опреми една од своите воени фрегати со систем за АРО мошне одамна, „така што нас нѐ чудат тајмингот, тонот и суштината на изјавите на рускиот амбасадор во Данска“, истакна Лунгеску.

Истиот ден главниот командант на здружените сили на НАТ во Европа Филип Бридлав, настапувајќи во Брисел, го критикуваше „дипломатскиот и политички притисок“ што Русија го врши врз сите земји кои што сакаат да му се приклучат на системот за АРО кој има исклучително одбранбен карактер и не насочен против Русија.

Претходно амбасадорот на РФ во Данска Михаил Ванин ги повика властите во Данска да не се придружуваат на европскиот антиракетен систем на САД, кој може да ја загрози безбедноста на Русија.

„Мислам дека Данците во целост не ги сфаќаат последиците од присоединувањето на Данска кон антиракетниот систем за одбрана на чие чело се САД. Доколку се случи тоа, данските воени бродови ќе станат цели за руските нуклеарни ракети“, изјави тој.

Москва бара зацврстување на гаранциите за „ненасоченоста“ на европската противракетна одбрана кон Русија во правно-обврзувачка форма, но нејзиното барање постојано се одбива. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња