Медведев одобри 25 милијарди рубли за поддршка на автомобилската индустрија

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев соопшти ги одобрува предлозите за дополнителна поддршка на домашната автомобилска индустрија во вкупен износ од 25 милијарди рубли, пренесува ТАСС.

Шефот на руската влада Дмитриј Медведев соопшти дека Министерството за индустрија и трговија изготви предлози за дополнителна поддршка на домашната автомобилска индустрија  во вкупен износ од 25 милијарди рубли, пренесува ТАСС.

„Министерството за индустрија и трговија изготви предлози за дополнителна поддршка на индустриската гранка за вкупен износ од околу 25 милијарди рубли“, соопшти тој. „Овие идеи од моја страна, како претседател на владата, се во целост поддржани“, изјави Медведев, а пренесува ТАСС.

„Во прв ред тие се однесуваат на субвенционирање на каматните стапки за автомобилските кредити, за намалување на цената на лизингот“, објасни премиерот. „Исто така се предлага да се направи дополнителен откуп на товарни возила, комерцијални возила и специјална техника за федералните структури“, рече Медведев.

На крајот на февруари ова година беше објавено дека групацијата „ГАЗ“, прва од руските компании аплицирала за државни гаранции за 25 милијарди рубли во рамките на антикризниот план.

Истиот месец беше соопштено дека најефикасни инструменти за поддршка на автомобилската индустрија на Русија се програмите за утилизацијата, лизингот и државните гаранции.

Овој месец вицепремиерот на РФ Аркадиј Дворкович изјави дека владата не ја исклучува можноста за лансирање програма за субвенционирање на кредити за купување автомобили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.