Кина сака да купи од Русија повеќе авиони Ту-204

Кинеските власти ја разгледуваат можноста за купување од Русија на дополнителна партија авиони Ту-204, соопшти извор во руската авионска индустрија, пренесува „Интерфакс“.

Кинеските власти ја разгледуваат можноста за купување од Русија на дополнителна партија авиони Ту-204, соопшти извор во руската авионска индустрија.

Оваа желба на Кина во многу нешта е резултат од успешното создавање на летечката лабораторија врз база на товарниот авион Ту-204-120СЕ со учество на руски стручњаци, раскажа изворот за „Интерфакс“.

Тој појасни дека ОАО „Туполев“ и реализира експериментално-конструкторските работи на авионот, а специјалната опрема во авионот ја инсталира кинеската страна.  

Русија и Кина во февруари 2013 година потпишаа договор за опремување на еден кинески товарен авион Ту-204-120СЕ во летечка лабораторија.

Авионот Ту-204-20СЕ е наменет за превоз на товар во контејнери. Опремен е со два мотори Ролс-Ројс RB211-534Е4, секој тежок 20 тони. Максималната маса на полетување на авионот изнесува 105 тони. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња