На Евровизија Русија ќе биде претставувана од Полина Гагарина, која ќе испее балада за мирот и љубовта, пишува германскиот весник „Штерн“ (Stern). Авторот на статијата Јенс Маер го нарекува тоа „грда и лицемерна драматизација“. „Русија е способна да го направи светот подобар? Ми се повраќа!“, пишува тој. Според него, руската химна на мирот за многумина ќе звучи како исмејување.
Според мислењето на Маер, рускиот претседател Владимир Путин ќе ја искористи сцената на Евровизија за пропаганда. Тој сака да ја претстави својата земја во најдобро светло. „Анексијата на Крим, украинскиот конфликт и угнетувањето на хомосексуалците – слушателот треба да заборави на сето тоа под звуците на химната за мирот, смета авторот. Исто така, тој го нарече цинизам и фактот што во снимањето на видеото за песната учествувале деца.
На 23 мај Европа ќе мора „беспомошно да ја гледа таа лицемерна драматизација“, пишува Маер. Според правилата на манифестацијата, забрането е да се даваат политички изјави на сцената. Но нејасните формулации во текстот на „Милион гласови“ овозможуваат да се заобиколи таа забрана.
Единственото што може да помогне е да се исвирка изведувачката, смета авторот. Според неговото мислење, на настапот на Гагарина невозможно е да се гледа одвоено од воените судири на истокот на Украина и „нечовечната поликтка на Русија“. Победничка на минатата Евровизија беше натпреварувачката од Австрија Кончита Вурст, потсетува Маер. Таа како никој друг ја отсликува „слободата и толеранцијата“. Сега Виена треба да даде пример и да ја исвирка руската изведувачка, повикува германскиот новинар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче