Претседателот на Комитетот на Државната дума на РФ за меѓународни работи Алексеј Пушков ги коментираше изјавите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за постапките на Русија кои наводно се одразуваат негативно на дијалогот со Алијансата, пренесува РИА „Новости“.
„Генсек на НАТО: „ненајавените проверки на борбената способност на армијата на РФ не придонесуваат за „дијалог со алијансата“. Чудна изјава, земајќи предвид дека дијалог не постои“, напиша Пушков на својот Твитер-профил.
Претходно во интервју за РИА „Новости“ директорот на одделот за европска соработка на МНР РФ Иван Солтановски изјави дека Русија не избегнува дијалог со НАТО со кого односите во моментов ја преживуваат најострата криза од времето на студената војна, и дека треба да следуваат соодветни чекори од страна на самата организација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче