Притисокот врз Русија од страна Западот може да доведе до сериозни последици, пишува весникот „Афтенпостен“ (Aftenposten), повикувајќи се на норвешки експерти, пренесува РИА „Новости“.
На пример, професорот Ингвар. Б. Стајнхолт од Универзитетот во Тромзо го критикува начинот на размислување карактеристичен за студената војна, со кој Русија се смета како сериозна воена закана за Запад. „Тоа е грешка“, смета тој, додавајќи дека опасноста се состои во „каприциозното поведение“ и притисок на Западот.
Стајнхолт и некои други експерти сметаат дека изјавите дека Русија е опасност се преувеличуваат од страна на претставници на одбранбената индустрија, особено во текот на крупни воени вежби, како и дека причина за „воените операции“ на Русија во Грузија, Украина и на Крим била заштита на рускојазичното население.
Вишиот научен соработник ка Норвешкиот институт за меѓународни односи Џули Велхилмсен го поддржува гледиштето на Стајнхолт и смета дека движечка сила на политиката на РФ е намерата да не дозволи западно присуство во поранешните советски републики.
Пред неколку дена на територијата на Северна Норвешка, близу до границата со РФ, се одржаа масовни воени вежби на НАТО под називот „Здружен викинг“ (Joint Viking). Русија, од своја страна, од 16 до 21 март одржа ненајавена проверка на борбената готовност на Северната флота, Западниот воен округ и ВДВ. Основен акцент беше ставен врз реализација на операции во Арктикот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче