На ветерани од САД доделен рускиот орден „70 години од Победата“

На над 100 ветерани од САД во саботата им беа доделени јубилејните ордени „70 години од Победата во Втората светска војна 1941-1945 година“.

На над 100 ветерани од САД во саботата им беа доделени јубилејните ордени „70 години од Победата во Втората светска војна 1941-1945 година“.

Меѓу наградените се членови на „Масачусетската организација на ветерани од Втората светска војна – иселеници од СССР“ и претставници на социјалните центри за помош на ветераните, пренесува ТАСС.

Како што соопшти  соопшти генералниот конзул на Русија во Њујорк Игор Голубовски, „ова е најголемата група ветерани во државата Масачусетс  која е наградена со јубилејни награди на Русија“. Говорејќи на церемонијата, тој им честиташе на ветераните и ја потенцираше недопустливоста за заживување на нацизмот и фалсификување на историјата на Втората светска војна.

Во предвечерјето на 70-годишнната од Победата „треба да се потсети дека имено СССР, Црвената Армија го дадоа одлучувачкиот придонес за победата над нацизмот“, истакна еден од наградените – претседателот на „Масачусетската организација на ветерани од Втората светска војна – иселеници од СССР“ Јаков Елнер. Тој учествувал во битката под Москва, а потоа се борел под Липецк, стигнал до Прага.

„Должни сме секогаш да се сеќаваме дека токму СССР е државата-победник во Втората светска војна“, истакна Елнер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња