МНР на Велика Британија побара враќање на Крим на Украина

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд побара од Русија да ѝ го врати Крим на Украина, пренесува „Лента.ру“

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд побара од Русија да ѝ го врати Крим на Украина. Ова е официјалното соопштение по повод годишнината од влегувањето на полуостровот во состав на РФ што го пренесува „Лента.ру“.

„Незаконската анексија на Крим од страна на Русија пред една година претставува флагрантно кршење на меѓународното право. Таа покажа целосно занемарување на правата на Украина, нејзиниот суверенитет и територијалниот интегритет. (...) Апсолутно е неприфатливо Русија да користи сила за промена на границите“, истакна Хамонд.

Според министерот, Велика Британија не го признава референдумот што се одржа на Крим. Тој додаде дека „анексијата на Крим беше нелегална во март 2014 година и останува нелегална во март 2015“. „Русија треба да ѝ го врати Крим на Украина“, изјави шефот на британската дипломатија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња