Експерт: Рускиот Ту-160М е преголем залак за британските ловци

Рускиот стратешки бомбардер Ту-160М ги надминува според параметрите британските ловци „Тајфун“, изјави експертот на Кралскиот обединет институт за одбранбени истражувања во Лондон Игор Сутјагин за весникот „Дејли Меил“.

Новиот руски стратешки носач на ракети Ту-160М ги надминува според параметрите британските ловци „Тајфун“ кои го чуваат воздушниот простор на Велика Британија, изјави експертот на Кралскиот обединет институт за одбранбени истражувања во Лондон Игор Сутјагин за весникот „Дејли Меил“.

Суперсоничниот бомбардер Ту-160М („Бел лебед“ или, според класификацијата на НАТО „Тојага“), се истакнува во статијата, лета без дополнување со гориво на растојанија 4 пати поголеми од ловците кои се во составот на британските сили за брза реакција.

Експертите тврдат дека Ту-160М  е преголем залак за секој од британските авиони-ловци.

Првите два „Бели лебеда“ успешно ги минаа пробните летови и сега се наоѓаат во служба на ВВС РФ. До 2020 година Русија ќе модернизира уште 10 Ту-160М.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.