САД треба да продолжат да вршат притисок врз претседателот на Русија Владимир Путин во врска со ситуацијата во Украина, изјави директорот на Централната агенција за разузнавање (ЦИА) Џорџ Бренан.
„Мислам дека треба да продолжиме да вршиме притисок врз Путин за да можат украинскиот народ и украинската влада да имаат мирна и безбедна иднина“, изјави Бренан во интервју за американскиот ТВ-канал „Фокс ЊУЗ“, пренесува ТАСС.
Тој исто така истакна дека, на негов поглед, на Путин не му се допаѓа ситуацијата во која се најде економијата на Русија. „Мислам дека тој треба да разбере како ќе излезе од настанатата ситуација, затоа што таа им нанесува штета на руската економија и рускиот народ“, изјави директорот на ЦИА.
Според него, Путин „треба да сфати дека ако Русија сака да ја игра соодветната за неа улога во светот, таа треба да ги почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на земјите кои се наоѓаат во нејзината околина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче