„Блумберг“: Без оглед на санкциите, инвеститорите одат во Русија

Странските инвеститори сметаат дека руските корпорации ќе продолжат уверено да одат по патот на обновата, пишува „Блумберг“.

Странските инвеститори сметаат дека руските корпорации ќе продолжат уверено да одат по патот на обновата, пишува „Блумберг“.

Санкциите, воведени против Русија, му нанесоа удар на рускиот бизнис во 2014 година. Меѓутоа, сега сликата се менува. Во 2015 година инвеститорите почнаа да се однесуваат кон Русија значително поблагонаклонето отколку пред една година. Ситуацијата со рубљата, истакнува „Блумберг“, се подобрува. Колебањата на нејзиниот курс се намалија – во поголема мера, отколку колебањата на курсот на доларот од 30 најтргувани валути.

Оваа година инвеститорите кои вложија средства во државни хартии од вредност во рубљи, веќе имаат добивка еквивалентна на 7% во долари, во исто време кога инвеститорите кои вложија во државни обврзници на други пазари во развој, во 2015 година изгубија 1,1%.

Ситуација изгледа уште поблагопријатна во случајот со акционерите во руските компании. Во 2015 година нивната севкупна профитабилност изнесуваше 7,3%, што претставуваше најзначителен пораст на индексот на корпоративните облигации на пазарите во развој.

Бизнисот, пишува „Блумберг“, исто така се обновува. Околу 78% од руските компании кои влегуваат во индексот ММВБ, демонстрираа голем раст на продажбата отколку нивните аналогни компании ширум светот, без оглед на тоа што акциите на тие руски компании заостануваа зад своите меѓународни конкуренти, според податоците на „Блумберг“. Тоа во целост се припишува на траекторијата на двогодишниот пораст на релативната вредност на руските компании.

Вредноста на акциите на најголемиот американски берзански инвестициски фонд, од чии компании 90% се руски, сведочат за тоа дека странските инвеститори се убедени дека руските корпорации ќе продолжат сигурно да одат по патот на обновата

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња