Русија претходно ќе ги провери претпријатија на Грција, Унгарија и Кипар поради можно укинување на ембаргото

„Россељхознадзор“ ќе почне со инспекција на претпријатијата на Грција, Кипар и Унгарија кои се занимаваат со сточарство поради можно укинување на ембаргото, пишува „Вести.ру“.

На шести април „Россељхознадзор“ ќе почне со инспекција на претпријатијата на Грција, Кипар и Унгарија кои се занимаваат со сточарство. Според официјалниот претставник на организацијата Алексеј Алексеенко, инспекциите ќе почнат во Грција, а потоа заминуваат на Кипар и во Унгарија. Се претпоставува дека по укинувањето на ембаргото испорачателите од тие земји ќе можат веднаш да започнат со извоз на производи во Русија, објасни тој, а пренесува „Вести.ру“

Претставникот на „Россељхознадзор“ изјави дека страните го усогласуваат списокот со претпријатија во кои можат да се спроведат проверките. Тој истакна дека станува збор и за оние организации кои претходно не биле контролирани од руски стручњаци.  „Тоа ќе ја покаже подготвеноста на испорачателите да ги задоволат барањата на Евроазискиот економски сојуз во целина, и особено во Русија“, објасни Алексеенко.

Според Алексеенко, испораката на производи од растително потекло од овие земји во случај на укинување на ограничувањата можат да се обноват под гаранција на локалните фитосанитарните служби. Сепак по потреба руската страна е подготвена да испрати стручњаци за карантин на растенија, соопшти претставникот на „Россељхознадзор“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.