Русија ги заврши најголемите воени вежби досега

Во европскиот дел од Русија денеска завршија воените вежби во рамките на ненајавената проверка на борбената готовност на руската армија, соопшти Министерството за одбрана на РФ, пренесува „Интерфакс“.

Во европскиот дел од Русија денеска завршија воените вежби кои се одржуваа во рамките на ненајавената проверка на борбената готовност на војската и силите на Северната флота, Западниот воен округ и Воздушно-десантните трупи, соопшти Министерството за одбрана на РФ, пренесува „Интерфакс“.

Маневрите почнаа на 16 март со одлука Врховниот командант на Вооружените сили на РФ Владимир Путин. Тие се одржаа со цел проверка на борбената способност на Северната флота и оценка на можностите за зголемување на концентрацијата на сили на Арктикот од централните региони на Русија со извршување на задачи во сложени климатски услови.

Министерот за одбрана на РФ генералот на армија Сергеј Шојгу соопшти дека ненајавената инспекција опфати околу 76 илјади војници, над 10 илјади парчиња оклопна техника, 65 бојни бродови, 16 пловила за логистика, 15 подморници, над 200 авиони и хеликоптери.

Покрај тоа, на 17 март во Вооружените сили на РФ започна стратешката командно-штабна вежба со централните органи на воената управа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња