САД не се заинтересирани за решавање на украинската криза, туку планираат нови „обоени револуции“ во Ерменија, Киргистан и Узбекистан. А главна цел на Вашингтон е да го зголеми притисокот врз Русија за да ја дестабилизира политичката ситуација во оваа земја. Ова мислење го изнесе американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс на својата официјална веб-локација во статијата „Русија под напад“.
Робертс смета дека Вашингтон свесно работи на тоа да ја саботира Минската спогодба и притоа испраќа свои емисари во Ерменија, Киргистан и Узбекистан, за да организира во тие земји „обоени револуции“ и да ја дестабилизира ситуацијата долж целата руска граница.
„На тој начин Русија се соочува со обнова на конфликтот во Украина и истовремено со три други ситуации слични на онаа во Украина, но сега веќе на азиските граници“, пишува Робертс во статијата. Тој притоа изразува мислење дека тоа е само почеток на притисокот што Вашингтон планира да го изврши врз Русија.
Исто така политикологот укажува на некомпетентноста на западните медиуми кои шират лажни информации од Вашингтон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче