Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев одби да патува за Москва на прославата по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна.
Како што е соопштено на веб-локацијата на телевизискиот канал „Ѕвезда“ повикувајќи се на прес-службата на бугарскиот лидер, Росен Плевнелиев нема да земе учество во прославата на 70-годишнината од Победата во Москва.
Во соопштението се истакнува дека шефот на администрацијата на Кремљ Сергеј Иванов изјавил дека Русија ќе преживее доколку некој не дојде на прославата во Москва. Исто така, тој истакна дека шефовите на 22 држави веќе го потврдија своето присуство на Парадата на Победата.
Во моментов не се познати причините за откажувањето на Плевнелиев. Неговата прес-служба потврди дека тој добил покана за манифестацијата.
До денес, оние кои ја одбија поканата да отпатуваат во Москва за 9 мај се претседателот на САД Барак Обама, канцеларката на Германија Ангела Меркел, премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателите на Полска и Словенија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче