МИД РФ: Изјавите на Киев за повлекувањето на тешкото вооружување се блеф

Киев повторно ја прекрши Минската спогодба – изјавите на украинските власти за повлекувањето на тешкото вооружување се покажаа како блеф, изјавија од МНР РФ.

Киев повторно ја прекрши Минската спогодба – изјавите на украинските власти за повлекувањето на тешкото вооружување се покажаа како блеф, изјавија од МНР РФ.

Во изјавата се вели: „Русија со загриженост ја прими информацијата дека новинарите на агенцијата „Ројтерс“ снимиле видео со тешко вооружување на украинската армија на линијата на судирот на југоистокот на Украина. Судејќи според прикажаните кадри, таканаречениот баталјон „Азов“ користел хаубици Д-30 со калибар 122 мм, чиј домет изнесува 22 км. Притоа снимките биле направени во реонот на селото Широкино, место кое треба да биде под најстрого внимание на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ".

„Русија уште еднаш ја повикува украинската страна да не го доведува во заблуда меѓународното јавно мислење и стриктно да ги исполнува обврските преземени со Минската спогодба“, се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи на РФ.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.