Зајакнувањето на односите меѓу Русија и Кина во контекст на постојната геополитичка ситуација е природен и разбирлив избор на овие земји врз кој Америка не може да влијае, изјави поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер на економскиот форум „Развој на Кина“ во Пекинг.
„Русија и Кина во овој момент се навистина блиски. Ми се чини дека тоа е природен избор во сегашниве услови. Врската меѓу Москва и Пекинг има долга историја и овие земји не можат да бидат разделени поради објективни причини“, пренесува РИА „Новости“.
Според него, „билатералните односи меѓу Кина и Русија се определени исклучително по сопствена волја“.
„Ние не можеме на ниту еден начин да влијаеме на нивниот развој“, истакна Кисинџер, додавајќи дека зближувањето меѓу Москва и Пекинг не е причина за загриженост на Вашингтон.
„Не може да се каже дека ние би се обиделе да ги разделиме овие земји. Земајќи ја предвид сегашната меѓународна ситуација и регионалните геополитички услови, ние ги разбираме причините за развојот на кинеско-руските односи. Но тоа не значи дека оваа „блискост“ ќе влијае на кинеско-американските односи“, истакна Кисинџер.
Тој исто така истакна дека Вашингтон трева да негува нормални односи со Москва. „Русија е земја која се протега низ девет часовни зони. Не треба да има обиди за нејзина изолација. Од традиционална гледна точка, Русија е дел од западниот свет, но сега дојде до одредени несогласувања. Сметам дека Вашингтон е незаинтересиран за нормални дипломатски односи со Руската Федерација“, додаде поранешниот шеф на американската дипломатија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче