Русија поднесе во Советот за безбедност на ООН нова предлог-резолуција за реализација на Минската спогодба за решавање на конфликтот на истокот на Украина, изјави претставникот на РФ во ООН Виталиј Чуркин.
„Поднесовме многу кратка предлог-резолуција“, го цитира Чуркин РИА „Новости“. Според него, документот е со цел уште еднаш да се потврди неопходноста од реализација на Минската спогодба и конкретно во тоа што се однесува до дијалогот меѓу Киев, Луганск и Донецк во однос на модалитетот на спроведување на локалните избори.
На 19 март СБ ООН по иницијатива на Русија одржа седница по прашањето за неисполнувањето на Минската спогодба од страна на Киев. Неопходноста за овој состанок Чуркин ја објасни со неодамнешната одлука на Врховната Рада на Украина да го одложи воведувањето на посебниот систем на самоуправување во Донбас до спроведување на избори таму според украинските закони. Според зборовите на Чуркин, тој закон не зборува за никаков посебен статус и „во целост ја нарушува логиката на пакетот-мерки кој потекнува од неопходноста за решавање на сите прашања со консултации меѓу Киев, Донецк и Луганск“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче